Земјотрес во Хрватска, епицентарот кај Огулин

Земјотрес со јачина од 2,8 степени регистриран е во 17.22 часот во Хрватска.

Како што објави Европско-медитеранската сеизмолошка служба на Твитер, потресот е регистриран во околината на Огулин.

Епицентарот е на 70 километри источно од Риека и 15 километри од местото Бриње на длабочина од 2.000 метри.