Земјотрес утрово ја стресе Македонија

LinkSense.mk

Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава.

Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, а последниот и најсилен во 8:10 часот.

Според ЕМСЦ епицентарот на земјотресот е во Албанија, а истиот е силно почувствуван и во Македонија.