Земјотрес ја погоди Русија

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран денеска во водите на Бајкалското Езеро во областа Иркутск, соопшти регионалниот оддел на Министерството за вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри од местото Бољое Голустноје, пренесува Интерфакс.

Интензитетот на земјотресот бил 2-3 степени и не е причинета материјална штета.