Зијадин Села убеден дека Владата ќе падне

LinkSense.mk

Ќе падне Владата, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на прашањето кои се очекувањата од денешната собраниска седница на која треба да се гласа доверба на Владата.

– Граѓаните ќе бидат послободни од притисоците на оваа антидемократска и антиграѓанска власт, изјави Села.

Претходно и пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи потврди дека ќе гласа да падне Владата.

 

Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави Реџепи пред почетокот на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

 

Во Собранието денеска во 11 часот ќе почне седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Иницијативата ја поднесоа опозициските пратеници. Реџепи првично сакаше да се повлече од иницијативата поради потписите на пратениците од Левица.

Вчера во Собранието беше поднесен ревидиран список со потписи, на кој не стоеше потписот на Димитар Апасиев.