Зијадин Села хоспитализиран на Клиниката за кардиологија

„Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села вчера е хоспитализиран во Клиниката за кардиологија, поради болки во градите“, соопшти денеска на својот
фејсбук-профил партискиот портпарол Флакрон Беџети.

Според Беџети, Села е во добра здравствена и стабилна состојба.

Тој посочува дека Села прво бил примен во болницата во Охрид, а потоа префрлен на скопските клиники.

„Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности“, напиша Беџети на Фејсбук.