Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Златна рамка“ – ревија на македонски филмови од минатата година
Култура

„Златна рамка“ – ревија на македонски филмови од минатата година

февруари 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дваесет и пет македонски филма реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм ќе бидат прикажани од 22 до 24 февруари во кино „Фросина“ на ревијата „Златна рамка“ која ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија-ДФРМ.

На ревијата под мото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани два долгометражни филма („Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски и „Враќање“ на Кастриот Абдили), седум документарни и 16 кратки филмови.

Уметничкиот координатор Ана Василевска на средба со новинарите денеска рече дека не станува збор за нов филмски фестивал, туку за ревија посветена на домашниот филм, со која публиката ќе има увид за филмовите завршени во 2018 година.

Идејата е секоја гоидна да се организира ревија на филмови од претходната година.

„Друштвото на филмски работници смета дека секоја година ќе треба да биде прикажано сè што е сработено во минатата календарска година, да се има увид во тоа што се работи зашто во минатото се снимани многу филмови кои никогаш никој не ги видел. Транспарентноста на филмаџиите и на Агенцијата за филм им е многу важна. Публиката ќе може да ги види филмовите кои не успаеале да имаат премиера или да стигнат на кинорепертоар, зашто тоа е реткост, особено за кратките и за документарните филмови“, рече Василевска.

Проекциите се бесплатни за посетители и ќе почнуваат во 17 часот со документарни филмови. Кратките ќе бидат прикажувани од 19 часот во првите два дена и од 20 часот третиот ден, а двата долгометражни се од 21 часот – „Враќање“ на 22 февруари и „Година на мајмунот“ на 24 февруари.

За проекција бил поканет и „Ругање со Христос“, но режисерот Јани Бојаџи одбил да учествува, а поканата не ја прифатиле и режисери на два кратки филма.

Покрај филмови, во сите три дена од 11.30 часот ќе има и други настани во склоп на ревијата – в петок во тој термин е свеченото Собрание на ДФРМ на кое ќе се примаат нови членови, а Друштвото в сабота од 21 часот ќе додели и три почесни награди – за филмски автор, актер и за филмски работник.

В сабота од 11.30 во фојаето на „Фросина“ дескот на Медија – потпрограма на „Креативна Европа“ на ЕУ ќе организира презентација за начинот на аплицирање кај филмските фондови наменета за продуценти и филмски професионалци, а в недела во истиот термин и место ќе биде организирана тркалезна маса за филмската критика, насловена „Нема успешна кинематографија без филмска критика“.

„Златна рамка“ Агенцијата за филм Ана Василевска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.