ЗНМ го осуди нападот врз новинарот Арманд Брахо

LinkSense.mk

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува нападот на новинарот на онлајн медиумот strugalajm.org,  Арманд Брахо што се случи неделава во хотелот „Дрим“ во Струга. Според исказот на новинарот, насилници од редовите на партијата Алијанса за Албанците го нападнале за време на конференција, на која тој бил уредно поканет.

Како што соопштија од Здружението на новинари на Македонија, претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ги повикува властите брзо да го истражат и да ги казнат насилниците.

„Доколку сака новата власт да испрати јасна порака дека нема да толерира напади врз новинари мора да го истражи случајот и да ги изнесе насилниците пред лицето на правдата, истакнува Селмани.

По инцидентот во хотелот, Брахо ги пријавил насилниците во полиција. Досега едно лице било повикано на распит, по што од МВР за ЗНМ изјавиле дека ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против лицето, а и дека се работи и на идентификација на другите насилници.