Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да настапи за фудбалската репрезентација на Шведска на претстојното Европско првенство.

39–годишниот фудбалер го повреди коленото на мечот од Серија А против Јувентус, минатата недела, а рехабилитацијата ќе трае околу три недели поради што нема да биде подготвен да и помогне на својата репрезентација на завршниот турнир што стартува на 11 јуни.

Шведската фудбалска федерација потврди дека Ибрахимовиќ нема да биде во составот за ЕВРО 2020.

Ибрахимовиќ во март се врати во составот на Шведска, пет години откако објави крај на репрезентативната кариера. Шведска на Европското првенство ќе игра во Групата E против Шпанија, Пoлска и Словачка.