Ибрахимовиќ повторно во Примера?

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ ја разбранува спортската јавност во Шпанија со објавата дека наскоро пристигнува таму, не прецизирајќи дали доаѓа туристички или повторно ќе игра во Примера лигата, како што тоа беше во сезоната 2009/2010 настапувајќи за Барселона.

„Погодете што има ново? Се враќам во Шпанија“, порача популарниот Ибра преку социјалните мрежи, кому договорот со американскиот Лос Анџелес Галакси му истекува во декември.