Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов: Република Македонија е во најранливите региони по прашањето на климатските промени
Македонија

Иванов: Република Македонија е во најранливите региони по прашањето на климатските промени

декември 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Македонија припаѓа на еден од најранливите региони во светот по прашањето на климатските промени. Покрај правилата за ублажување на климатските промени, одлуките за климатските промени би требало да опфатат и адаптација на засегнатите сектори. Мора да постои еднаквост меѓу ублажувањето и адаптацијата. Ова е особено важно во контекстот на финансиите, истакна претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на Самитот за климатски промени COP 24, што се одржува во Катовице, Република Полска.

Република Македонија, како што рече тој,  во континуитет го усогласува начинот на известување со стандардите на Европската Унија.

„Но, дури ни тоа не е доволно. Додека говорам тука, многу мои сограѓани дишат воздух кој е еден од најзагадените во Европа, додаде Иванов.

Според него, мора да се воспостави круг на доверба меѓу политичарите, научниците, претприемачите, наставниците и активистите, затоа што, како што вели „ не се натпреваруваме еден против друг, туку заедно како тим“.

„Енергетскиот сектор, земјоделството, транспортот и градежништвото треба да го земат глобалното затоплување предвид. Ова е неопходно за здравјето на луѓето, особено за најранливите категории. Следствено, нашата трајна заложба мора да биде зелен раст и развој и помали јаглеродни емисии. Но, тоа ќе биде возможно само ако создадеме зелени работни места. Затоа, ја поддржуваме Шлезиската декларација за солидарност и праведна транзиција која се однесува на преквалификацијата на работната сила, истакна во обраќањето претседателот Иванов.

Република Македонија во април 2016 година во Њујорк го потпиша Парискиот договор за климатски промени, што беше усвоен во 2015 година на Самитот за климатски промени COP21 во Париз, каде учествуваше претседателот Иванов. Договорот од Париз е прв универзален и правно-обврзувачки договор што треба да стапи на сила во 2020 година и истиот досега е потпишан од 194 држави и од Европската Унија. Со потпишување на Парискиот договор, Република Македонија ја реафирмираше својата посветеност во приклучувањето кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени.

Иванов очекува дека COP24 ќе ги постави општите правила за следење на напредокот на земјите при спроведувањето на Парискиот договор.

„Мора темелно да го промениме нашиот начин на живеење, производство, потрошувачка и развој. Треба да го замениме себичниот консумеризам со филозофија на споделување, порача шефот на државата, додавајќи дека Република Македонија останува посветена на овие заложби.

На  COP24 во Полска учествуваат триесетина шефови на држави и влади од целиот свет. Целта на Самитот за климатски промени COP 24 во Катовице е да се финализира практичната имплементација на Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, што е дел од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

Во рамки на работната посета на Република Полска, македонскиот претседател, како што соопшти неговиот кабинет, ќе одржи билатерална средба со полскиот претседател Анджеј Дуда и ќе престојува во Вроцлав, каде ќе одржи предавање на Вроцлавскиот Универзитет.

актуелно ЕУ иванов македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.