Иван Савиди поттикнува немири во Македонија

LinkSense.mk

Документи од Минстерството за внатрешни работи покажауваат дека рускиот бизнисмен кој живее во Грција, Иван Савиди платил 300.000 евра на десетици македонски политичари, членови на новоформираните националистички организации и хулигани навивачи на Вардар, пишува ОЦЦПР (Organized Crime and Corruption Reporting Project).

Документите покажуваат дека Савиди ги префрлил средствата во Македонија во серија исплати. Некои од нив беа направени во готовина и на рака, а биле користени и други методи.

Примателите кои ги потврдија трансферите биле група фудбалски хулигани поврзани со Комити, фан-клуб на фудбалскиот тим на Вардар.

Навивачката група „Комитие добро позната по своите врски со политиката, особено со соборената ВМРО-ДПМНЕ. И во минатото се користеше за да иницира политичко насилство.

Фудбалскиот клуб на Вардар е во сопственост на рускиот милионер Сергеј Самсоненко, кој, како и Савиди, живеел во рускиот град Ростов, а сега живее во Скопје и е почесен конзул на Русија во македонскиот град Битола.

Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил 300 000 евра на македонски политичари и навивачи.

„Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема ништо со она што се споменува во лажниот и крајно клеветнички текст. Во следните часови, искористувајќи ги сите правни средства, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава, пишува во соопштението на групацијата компании на Савидис „Димера груп“.

Ова не е единственото „мешање“ на Савиди во грчко-македонскиот спор и Договор. Во јануари годинава неговиот весник Етнос спинуваше изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас во чувствителна фаза од македонско-грчките преговори. Имено, Етнос објави наслов „Македонската нација никогаш не постоела“ како најава за интервјуто со Ципрас кое требаше да го објави наредниот ден. Кога интервјуто беше објавено се испостави дека целосната изјава на грчкиот премиер е „Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците“.

Иван Савиди по потекло е од Грузија, но живеел во Русија, и бил член и на рускиот парламент од партијата на Путин, Обединета Русија, 0д 2003 до 2011 година.

Кога во 2000-та година се преселил во Грција го купил фудбалскиот клуб ПАОК и неколку весници.

Иван Савидис или Савиди стана актуелен во светската јавност откако во март во натпревар од грчкиот шампионат незадоволен од резултатот на својот тим ПАОК влета на теренот со пиштол и се упати кон судиите да ја земе правдата во свои раце.

По ова, тој доби забрана за влегување на стадион во следните три години, а требаше да плати и 100.000 евра. На неговиот тим ПАОК му беше одземена титулата.

Освен ПАОК, Савидис поседува дел од солунското пристаниште, дневниот весник Етнос, неделникот Етнос, дневниот весник Имерсија, многубројни магацини, тутунска компанија, минерална вода, хотелот „Македонија“, локална телевизија… Според Форбс, тој поседува 1,9 милијарди долари и е еден од 30-те најбогатите Руси.

Според изворите во МВР, истрагата за ислатите од Савиди познат и како Савидис, е во тек.

Москва се противи на проширувањето на НАТО и користи разни форми на мека моќ за да ги спречи источно-европските земји да се приклучат кон сојузот.
Русија, исто така, беше
вмешана во протести во Грција поради промена на името во Македонија. Минатата недела Грција објави дека протерала двајца руски дипломати за плаќање противници на договорот за името и поттикнување митинзи против тоа. Таа, исто така, им забрани на двајца други руски дипломати да влезат во земјата.

Москва ги негираше овие тврдења и го осуди потегот на Атина како неоснован.