Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Извештај на Меѓаши: Отсуствува системски одговор од државата за заштита на правата на децата
Градови

Извештај на Меѓаши: Отсуствува системски одговор од државата за заштита на правата на децата

декември 9, 2020Updated:декември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Постои присуство на дискриминација на децата по разни основи, загадувањето на воздухот е проблем за 2/3 од децата, одреден број од учениците немаат можност за следење на онлајн настава, а уште постојат и деца кои не се регистрирани во матична книга на родените.

Ова беа главните укажувања од алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија.

Според претседателот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац, состојбата со правата на децата е по надолна линија.

Во извештајот се наведува дека уште постојат деца кои не се регистрирани во матична книга на родените, таканаречени деца фантоми, од кои повеќето се Роми.

Државата нема преземено мерки за елиминирање на практиката на тајно посвојување што не е во согласност со Конвенцијата за правата на детето.

„Децата не го уживаат целосното право на мировно собирање, дел од средношколците учесници на протести во изминатиов период беа изложени на закани од страна на училишните раководства, како и обиди за партиско етикирање во поширока јавност на тој начин рушејќи го граѓанскиот активизам, да го кренат гласот, силно да зборуваат за проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Во однос на семејната средина и алтернативно згрижување, имаме повреда на правото на детето да остварува личен и непосреден контакт со родителот со кој живее“, рече Змијанац на денешната прес-конференција.

Во поглед на специјални мерки на заштита, во извештајот се наведува дека нема прецизна евиденција за број на деца на улица од кои најголем дел се Роми.

Работата на улица е најзастапената форма на злоупотреба на детски труд и ретко се санкционира

Отсуствува системски одговор од државата за соодветна заштита и поддршка на оваа група деца и нивните семејства.

„Загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Енормното аерозагадување во зимскиот период е проблем за 2/3 од децата, кои истакнуваат дека истото се одразува на нивното физичко и ментално здравје, им го ограничува секојдневното функционирање и ги принудува да останат во своите домови“, додаде Змијанац.

Анализата од извештајот покажува дека државата не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе.

Постојат повеќе негативни практики во постојниот систем. Освен извештајот, исто
така беше спроведен и анкетен прашалник за деца, во кој учествуваа над илјада деца од цела држава.

Васка Бојаџи, помлада истражувачка-специјалист за детски права на прес-конференцијата појасни дека како пречка за спроведување на Конвенцијата за права на детето е слабото спроведување на законите во државата, како и недостатокот на финасиски, човечки и други капацитети.

„Недостатокот на стретешкиот пристап, како на национално така и на локално ниво исто така претставува голем предизвик. Во Македонијан последниот стратешки документ кој се однесува на заштита на правата на децата а тоа е националниот план за акција за правата на децата е истечен од 2015 година, и од тогаш до денес не е направена евалуација, ниту пак е донесен нов стратешки план, што значи дека државата буквално е без план како да ги унапреди правата на децата“, појасни Бојаџи.

Во поглед на насилството врз децата, во извештајот се нагласува дека 10 отсто од децата биле жртва на насилство, повеќе од 20 отсто познаваат некој врсник кој бил жртва на насилство, при што најчесто станува збор за врсничко насилство.

Во поглед на општата здравствена состојба, таа посочи дека постои сериозна загриженост за нискиот човечки капацитет во здравствениот сектор, особено намалениот број на педијатри и несоодветната обезбеденост со лекари во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина.

Децата наведуваат бројни случаи кога нивни врсници не добиле соодветна лекарска помош, особено од почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Подготовката на овој извештај ја раководеше Детската амбасада Меѓаши, а придонес дадоа и повеќе од триесет организации и неформални граѓански групи, од кои најголемиот дел се членки на Македонската национална коалиција за правата на детето.

Извештајот е поднесен до Комитетот за правата на детето при ООН, како дел од периодичниот циклус на известување за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во државата.

деца држава извештај меѓаши
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.