Изгаснат пожарот кај селото Будинарци

По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово. Во пожарот не настрада ниту едно лице.

Дел од австриската противпожарна опрема, како и македонски и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на терен за да не дојде до повторно разгорување на огнот на одредени места, заради засилениот ветар кој од попладнево почна да дува.