Изгаснат пожар на отворено на Попова Шапка

Тетовските пожарникари вчера гасеа голем пожар на отворен простор во неспоредна близина на Попова Шапка. Станува збор за површина што е во правец кон пределот каде има поставено повеќе телекомуникациски репетитори.

„Пожарот беше изгаснат околу 14 часот и 30 минути. Ни беше потребно два часа да го ставиме под контрола. Тоа беше голема површина, а освен пет пожарникари со два против пожарни камиони работевме во координација и помош на Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП национални шуми, ЕЛЕМ како и граѓани.

Спречивме пожарот да се прошири и да ја зафати цела Шара затоа што дуваше силен ветер, изјави Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единица.

Пожар на отворено имало и во пределот на Вратница каде исто така интервенирале тетовските пожарникари.