Изложба „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“ за Светскиот ден на сестринството

Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, ќе го одбележат Светскиот ден на сестринството со изложба „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“.

Во 10 часот, Цветин на својот балкон на улица Рузвелтова бр. 4 (Капиштец) ќе ги изложи своите уметнички креации посветени на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС.

Слика во димензија од 101 метар со цвеќиња симболично ќе се спушти до дворот пред зградата каде што живее Цветин.

На настанот ќе гостуваат претставници на Здружението на медицински сестри, Црвениот крст на Град Скопје и Дистрикт 132, согласно медицинските прописи за заштита. Ќе настапат и музички имиња од групата „Трио“ и неколку поети.

Исто така, Цветин ќе им подари 200 рози на медицинските сестри во чест на Флоренс Најтингел, прва медицинска сестра, која е родена пред 200 години.

Оваа година e прогласена за година на сестринството и 12 мај за Светски ден на сестринството.