Илјадници Израелци на протест против Нетанјаху и покрај забраната за собирања

Илјадници Израелци синоќа протестираа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, и покрај наредбите за повторно воведување карантин.

Во нардбата за карантин постои исклучок што на луѓето им овозможува да организираат јавни демонстрации, иако, јавуваат американските медиуми, многумина од учесниците на соноќешниот протест ги игнорираа правилата за одржување дистанца.

И во текот на цело лето илјадници Израелци се собираа на протести, повикувајќи го Нетанјаху да си поднесе оставка откако почна процесот против него за корупција.

Демонстрантите, исто така, го обвинуваат премиерот за лошото управување со кризата со коронавирусот, по првичниот успех во спречувањето на пролетната пандемија.

Според Worldometers, во Израел досега се заразени 187.902 лица со коронавирус, а како резултат на инфекцијата умреле 1.256 лица.