Ива Пем Новосел од Хрватскиот завод за јавно здравје, во емисијата Студио 4, потврди дека во Хрватска бил детектиран индискиот вид на корона вирус.
Пем Новосел рече дека во Хрватска е најприсутен британскиот вид на вирусот, но дека е детектиран и индискиот. Истакна и дека новите видови се прилично заразни и брзо се пренесуваат, но дека не смеело да се шири паника.
„Откриен е пред неколку денови во Сплитско-далматинската жупанија, но тоа се поединечни случаи, па нема причина за паника“, изјави и додаде дека луѓето треба да се пазат.
Индискиот вид на корона вирусот дава слични симптоми како и другите видови на групата вируси САРС-КоВ-2, што значи покачена температура, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, рељефен јазик познат и како ковид-јазик, белузлави проимени на ноктите, замор, главоболка…
Она што е до сега познато за индиската варијанта е дека има две значајни генетски промени во површинскиот протеин – E484Q и L452R. Од тие причини го добила и името на „двоен мутант“. Тоа, сепак, не значи дека индиската варијанта е двојно позаразна или поопасна, научниците тоа сеуште не го докажале.
(Фото: ДПА)







