Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Инфлацијата се враќа во Македонија !?
Анализи

Инфлацијата се враќа во Македонија !?

мај 16, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најновите податоци на Народна банка на Македонија откриваат дека од почетокот на 2017 година во земјава има тренд на пораст на цените, односно појава на блага инфлација.

Народната банка во најновиот извештај за макроекономската состојба во земјава соопшти дека во првите три месеци од годинава измерена е позитивна стапка на инфлација, која главно е поттикната од малиот пораст кај цените на повеќе категории од кои се исклучени храната и енергијата.

Потрошувачките цени во март се зголемени за 0,4 отсто на месечна основа, главно поради поместувањата кај базичната инфлација и малиот пораст кај цените на енергијата, додека цените на храната бележат мал пад.

Порастот на месечна основа се одрази и врз годишната стапка на инфлација, која во март изнесува 0,6 отсто (наспроти 0,2 отсто во февруари).

Кај цените на енергијата и кај базичната инфлација отстапувањето е во нагорна насока.

Ваквиот пораст на цените продолжува и во април, кога е забележан годишен пораст на инфлацијата од 1 отсто.

Надворешните влезни претпоставки кај проекцијата на инфлацијата за цела 2017 година се ревидирани во нагорна насока што, пак, создава нагорни ризици околу проекцијата на инфлацијата за годинава. И понатаму останува неизвесноста околу проектираното движење на светските цени на примарните производи, а пред сѐ поврзано со цените на нафтата“, Народна банка на Република Македонија 

Очекувањата за странската ефективна инфлација за 2017 година, според информации од НБРМ, се нагорно ревидирани од 1,3 отсто на 1,9 отсто, при очекувања за повисоко ценовно ниво во Хрватска, Србија, Германија и во Италија.

Во 2017 година извршена е нагорна ревизија на цената на нафтата како резултат на договорот помеѓу земјите-членки на ОПЕК и дел од земјите надвор од ОПЕК за намалување на глобалното производство на нафта, за да се влијае кон нагорно придвижување на цените.

Резултатите од анкета за инфлациските очекувања, спроведена од НБРМ, упатуваат на непроменетост на инфлациските очекувања.

Испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе биде околу нула отсто во следниот 12-месечен период.

Очекувањата за стапка на инфлација од околу нула отсто се карактеристични за сите три групи испитаници, економски аналитичари, претпријатија и финансиски институции.

Во однос на квантитативното прашање за очекуваната стапка на инфлација за 2017 и за 2018 година, инфлациските очекувања на испитаниците за 2017 година се пониски за 0,1 процентен поен додека за 2018 година се непроменети во однос на очекувањата во претходниот анкетен циклус.

инфлација Народна банка НБРМ пораст цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.