Инцидент над Тајван: Се судрија борбени авиони

Два тајвански борбени авиони се срушија денеска после судар над морето при тренажна мисија, соопшти тајванското воздухопловство. Ова е трет ваков инцидент во последните шест месеци.

Во соопштението се наведува дека двата авиона од типот „Ф-5Е“, во кој имало по еден пилот, паднале во море после сударот во близина на југоисточното крајбрежје на островот.

„Еден пилот е пронајден и префрлен со хелихоптер во болница, но почина, а другиот исчезна“, соопшти командантот на военото воздухопловство, Хуанг Чин Веј.
Тој истакна дека авионите биле исправни, но дека веднаш била донесена одлука за приземјување на сите летала од овој тип и суспензија на тренажните мисии.

Авионите од типот „Ф-5“ се од американско производство, а Тајван ги користи од седумдесетите години од минатиот век, најчесто за обука и за поддршка на главната флота.