Авион на „Ер Србија“ се судри со возило на аеродромот Никола Тесла.
Медиумите јавуваат дека авионот се движел наназад кога дошло до инцидентот.
Во авионот биле патници и тој почнал да се подготвува за полетување.
Нема повредени, ниту е предизвикана поголема материјална штета.
Прес службата на авионот го потврди настанот, а во врска со него издаде соопштение.
„Денес околу 11 часот на платформата на аеродромот „Никола Тесла“ дојде до помал сообраќаен инцидент во кој учествуваа две возила. Причинета е мала материјална штета, нема повредени“, се наведува во писмениот допис до јавноста.
Овој настан не влијаел на редовниот авио-сообраќај, ниту на конфорот на патниците.
Полетувањата и слетувањата се одвиваат по планираниот ред на летање.