Иранец заврши во полиција затоа што личи на Меси

Животот на иранскиот студент Резе Парастеша (25) преку ноќ се смени откако татко му му купил дрес на Барселона со бројот и името на Меси.

Реза знаел дека малку наликува на Аргентинецот, но тогаш ја преуредил фризурата и брадата и почнал фрапантно да личи на ѕвездата на Барса.

Но, не ни сонувал дека тоа ќе предизвика невидена хистерија во градот затоа што Парастеш многу личи на аргентинскиот фудбалски маѓионичар.

Сите сакале да се фотографираат со него па морала да интервенира и полицијата затоа што Реза предизвика сообраќаен колапс.

Му го заплениле автомобилот, а тој завршил на информативен разговор во полициска станица, но тука нема намера да застане.

„Луѓето навистина ме доживуваат како Меси, пресреќни се кога со мене се сликаат и тоа ме прави среќен и ми дава многу енергија. Морам да поработам малку и на фудбалските вештини како би бил уште посличен на него“, вели Иранецот и додава дека има веќе договорени десетина интервјуа па дури и манекенски договори.