Иранскиот претседател не сака средба со Бајден

Новоизбраниот ирански претседател Еврахим Раиси ја отфрли можноста да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

На прашањето за можен состанок со Бајден, Раиси само кусо одговори: „Не!“

Го сменил изразот на лицето и се загледал пред себе, без изнесување на какви било детали, пренесе Ројтерс.

Тој истакнал дека Америка ја прекршила нуклеарната спогодба од 2015 година и дека Европската унија не ги исполнила своите обврски.

Соединетите Американски Држави треба да ги исполнат своите ветувања во рамките на спогодбата“, рече Раиси во Техеран, на својата прва конференција за новинари откако во петокот победи на изборите.

Барам од Соединетите Држави да се вратат на својата посветеност на спогодбата. Сите санкции против Иран мораат да бидат укинати и верификувани од страна на Техеран“, посочи Раиси.

Тој додаде дека Иран во својата надворешна политика нема да се ограничува само на нуклеарните нагодби, туку ќе има интеракција со светот.

Нема да ги врзуваме интересите на иранскиот народ за нуклеарната спогодба“, порача Раиси и истакна дека би требало да добие награда за одбрана на човекови права, кои, како што рече, одсекогаш ги бранел, и дека американските санкции против него се заради наводно кршење на човекови права, впрочем изречени заради неговото обавување на судската должност.

Исто така, Раиси спомена дека за иранската балистичка ракетна програма не може да се преговара.

Во меѓувреме, во Виена, од април се водат преговори за да се пронајде начин за враќање на Иран и САД во нуклеарен пакт, кој Вашингтон го напушти во 2018 година на иницијатива на тогашниот претседател Доналд Трамп.

Официјален Трехеран после тоа ги прекрши ограничувањата од спогодбата во врска со збогатувањето на ураниум, наведе Ројтерс.

 

 

 

(Фото: АП/Ебрахим Нороози)