Иран може да обогати ураниум до 60 отсто

Иран има капацитет за обогатување на ураниум до 60 отсто, соопшти денеска Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ), односно далеку повеќе отколку што е потребно за повеќето цивилни намени, но помалку од 90 отсто од потребните за производство на нуклеарна бомба.

„Организацијата има можност и капацитет за да произведе пет, 20 и 60 отсто“, рече портпаролот на АЕОИ, Бекруз Камалванди на конференцијата за новинари во подземната нуклеарна електрана „Фордов“.

„Моментно постои потреба само за пет отсто“, додаде тој.

Најголемиот ирански политички авторитет, ајатолахот Али Хамнеи, рече минатиот месец дека Исламска република никогаш не тежнеела кон стварање или употреба на нуклеарно оружје, затоа што нејзината религија не го дозволува тоа.

Од мај годинава, Иран почна да ги пречекорува ограничувањата поставени со нуклеарната спогодба со големите сили, откако САД еднострано излегоа од таа спогодба и воведоа санкции за Иран.

(Фото: ЕПА)