Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иселеници го поздравуваат референдумот
Македонија

Иселеници го поздравуваат референдумот

август 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Форумот за демократска Македонија, составен од група иселеници, го поздравува распишувањето на референдум за Договорот за името со Република Грција, чиј исход, велат, е клучен за евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Во соопштение испратено до медиумите Форумот строго ја осудува блокадата на распишувањето на референдумот од страна на најголемата опозициска партија во државата и ја доживува како погазување на правото на граѓаните на Република Македонија да ја изразат својата демократска волја, но и на долгорочната, како што велат, јавна и заедничка определба на двата најголеми политички фактори во државата за референдумско изјаснување по ова прашање.

„Форумот недвосмислено се противи на секаков обид за условување на референдумскиот процес и на евентуалните уставни промени кои би произлегле од него со амнестија за низата кривични дела за кои се сомничат поединци од претходната власт. Уверени сме дека ваквата амнестија би претставувала фатален удар за владеењето на правото во Република Македонија и за демократскиот кредибилитет на нашата држава.

Дополнително, Форумот изразува одредени резерви околу консултативната природа на претстојниот референдум која има за цел да го неутрализира евентуалниот бојкот. Неизјаснувањето на граѓаните на овој референдум претставува легитимно демократско право, исто како и директното изјаснување со гласање „за“ или „против“.

Во насока на гарантирање аргументиран референдумски дискурс и информирано гласање на 30 септември, Форумот потенцира дека компромисен договор со Република Грција претставува неизбежен услов за евроатлантските интеграции на Република Македонија без оглед на напредокот на внатрешните реформски процеси. Оттука, Форумот ја осудува тенденциозната теза на дел од противниците на Договорот дека овој договор одвраќа внимание од реформските процеси, или претставува одредена замена за нив, кога всушност само ја приближува нашата нација до остварување на долготрајниот стремеж за станување полноправна членка на глобалното семејство на нации.

Форумот потенцира дека разрешувањето на спорот за името со Република Грција е премногу важно за да се сведе на поделба на гласачкото тело на табори според партиски (не)симпатии. Референдумот е дел од поширока визија за иднината на земјата која не треба да врзува со поддршка за СДСМ и за нејзините потфрлања во реформските процеси, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, која го критикува референдумот без да понуди јасна алтернатива. Референдумското изјаснување е можност граѓаните да покажат сопствено размислување и да донесат одлука во натпартиски контекст.

На крајот, како глобална организација на македонски иселеници од најразлични возрасти и етницитети, Форумот строго ги осудува сите обиди на одредени иселенички организации да го моноползираат дијаспорскиот дискурс и да го прикријат разногласието во дијаспората за ова клучно политичко прашање“, велат од таму.

Форум за Демократска Македонија е група на иселеници од Република Македонија, кои за себе велат дека се гласот на демократски ориентираната иселеничка заедница.

актуелно Грција Договор иселеници македонија форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.