Членовите на Левица во нивната програма за престојните предвремени парламентарни избори, насловена како “Искра во мракот”, бараат воведување на минимален гарантиран приход по семејство, враќање на можноста за право на пензија и по основ на работен стаж од 35 години, забрана за приватизација на јавните претпријатија и намалување на платите на пратениците и функционерите.
Од Левица ветуваат и укинување на приватните извршителски канцеларии, воведување интегрирано образование без етнички поделени училишта. целосно јавно субвенционирано високо образование, обезбедување квалитетно здравствено осигурување за сите граѓани на Македонија, гарантирани откупни цени за на земјоделските и сточарските производи.
Левица, како што велат, ќе се бори со урбаната мафија за спречување на уништувањето на зелени површини во градските средини.
Ветуваат и намалување на глобите за сообраќајните прекршоци и нивно одредување во зависност со финансиската моќ на лицето што го направило прекршокот.