Искусен правен тим ќе го брани Ѓоковиќ

LinkSense.mk

Новак Ѓоковиќ ќе го бранат адвокатите Ник Вуд и Пол Холденсон, додека на страната на Керен Ендрјус, министерката за внатрешни работи, ќе биде Кристофер Тан.

Веќе е познато дека главен судија ќе биде Ентони Кели.

Ако се суди според имињата, Новак Ѓоковиќ би можел да има предност на своја страна. Холденсон е искусен адвокат кој е во судството во Викторија цели 32 години, додека вториот адвокат, Ник Вуд, веќе бранеше огромен број случаи во претходната деценија и половина.

На страната на Австралија е малку помладиот Кристофер Тан, кој како адвокат работи „само“ 10 години, што може да биде предност за тимот на Новак.