ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ: „Мета“ под лупа на италијанската полиција

LinkSense.mk

Италијанскиот регулатор за пазарна конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на Фејсбук, „Мета“, тврдејќи дека во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот.

Италијанското друштво СИАЕ, кое застапува актери, танчери и други уметници, со „Мета“ преговарало за доделување лиценца за користење на нивните авторски дела на платформите Фејсбук и Инстаграм.

Платформите на „Мета“ преговараат со друштва кои застапуваат уметници за условите за објавување на нивните дела и за исплата на хонорари.

Договорот меѓу „Мета“ и СИАЕ истече во јануари, а преговорите за негово продолжување заглавија, и „Мета“ на крајот на март на Фејсбук и Инстаграм ја забрани музиката од изведувачи кои тоа друштво ги застапува.

Музиката на членовите на италијанското друштво повеќе не е достапна ниту во постарите објави.

Според гледиштето на регулаторот, „Мета“ ја искористи економската зависност на СИАЕ и и наштети на нејзината конкурентност.

Властите напоменуваат дека „Мета“, исто така, ги спречи музичарите на СИАЕ да ги промовираат своите дела на други социјални мрежи.