Истрага на полското обвинителство за кражбата на камионот-убиец од Берлин и убиството на возачот

Полското обвинителство во Шчечин отворија истрага за убиство на возач од транспортна фирма и кражба на нивниот камион кој во Берлин влета на Божикен панаѓур меѓу тегзите и уби 12, а повреди 48 лица.

Министерството за надворешни работи на Полска потврди денес дека Полјак од Грифин, град на западот на Полска, е човекот најден мртов во камионот кога од него побегнал напаѓачот од пакистанско или авганистанско потекло.

berlin-1

Полската истрага за кражбата на камионот и убиството на возачот, затоа што според сите информации пронајден е на совозачкото место со убодни рани од нож, и дали терористичкиот напад бил однапред планиран, ја надгледува
Генералното полско обвинителство.

Дека неговиот возач не го извршил терористичкиот напад на Божикниот панаѓур во Берлин, ниту дека можел да покоси луѓе во пијана состојба, и дека верува оти камионот е украден соопшти вчеравечер сопственикот на транспортната фирма Аријел Журавски.

berlin-2

Камионот превезувал 25 тони челични конструкции од Торино во Италија во Берлин.

Возачот попладнето запрел пред фирмата каде требало да ја испорача стоката, меѓутоа истоварувањето било одложено за следниот ден.

berlin-3

Журавски со 37 годишниот возач кој во неговата фирма работел речиси 15 години, и е негов роднина, последен пат разговарале во понеделникот попладнето, а сопругата последен пат се слушнала со него во 16 часот и од тогаш тој повеќе не е достапен.

„Главата си ја давам за него, тој ми е роднина, се знаеме од детството, се плашам дека нешто му направиле“, изјави доцна вчеравечер Журавски.

berlin-4

ГПС-от на камионот при проверката покажал дека после 17 часот, кога возачот требало да се одмара, а камионот да остане паркиран, некој се обидел повеќе пати да го стартува моторот и дека камионот пола час пред нападот излегол од паркингот.

Напаѓачот е Пакистанец

Возачот на камионот е 23-годишен Пакистанец, кој во февруари стигнал во Германија, барајќи азил во таа земја.
Што се знае досега за нападот во Берлин

* Камионот удрил во тезгите на Божикниот панаѓур во Берлин. Очевидци наведуваат дека се работи за голем камион кој прво поминал низ тој дел од градот во кој инаку е мошне тешко да се дојде со моторно возило.

* Сведоците, исто така, наведуваат дека камионот одеднаш влетал во голем број луѓе кои се наоѓале пред тезгите и со ред ги покосил. Додале дека се движел со брзина од околу 80 километри на час.

* Германската полиција го уапсила возачот на камионот. Уапсен е недалеку од местото на трагедијата,

* Камионот со којшто е извршен нападот е регистриран во полскиот град Гдањск.

* Настанот поприми и меѓународни размери, полската компанија која е сопственик на камионот го пријавила исчезнувањето на возачот, 37-годишник, кој превезувал челик од Италија во Германија.

* Исламска држава, наводно, превземала одговорност за нападот.

berlin-6

berlin-9

berlin-10

berlin-7

berlin-8