Истражување на УНИЦЕФ за ефектите од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ќе ги презентира резултатите од истражувањето за социјалните и економските ефекти на КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија.

Анализата беше спроведена во партнерство со Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“, со поддршка од УСАИД.

На брифингот за медиумите се предвидени обраќања на претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани и на директорот на Канцеларијата за општ развој во УСАИД, Едвард Гонзалес, а ќе присуствуваат и Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“, Aна Томовска–Мисовска од Универзитет Американ Колеџ, Maja Геровска- Митев од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, како и Maja Парнаџиева–Змејкова, независна консултантка.

Наодите од истражувањето ќе ги претстави Марјан Петрески од Фајнанс Тинк–Институт за економски истражувања и политики и Универзитет Американ Колеџ.