Исхраната е важна за здравјето на вашата коса

LinkSense.mk

Ако сакаме нашата коса да биде сјајна и бујна, треба да посветиме внимание на нашата исхрана. Исхраната треба да биде исполнета со здрави продукти, со многу витамини и минерали.

Косата се негува од внатре, а не однадвор.

За нејзиниот „квалитет“ потребно е да внимаваме што внесуваме во нашиот организам.

Ако не се храниме правилно, нашата коса нема да изгледа убаво.

Доколку сакаме здрава и негувана коса….

Лосос

Лососот е богат со омега 3 масни киселини, високо квалитетни протеини, витамин Б12 и железо. Омега 3 масните киселини ви се потребни за да ја одржува здрава структурата на скалпот. Недостаток од нив ќе доведе кожата и коса да бидат суви и оштетени. Бидејќи лососот е скап производ и секој не може да си го дозволи, добра замена за него се 2 лажици мелено ленено семе.

Морков

Морковот е богат со бета-каротин кој се претвара во витамин А кој, пак, е многу важен за косата да биде здрава и сјајна. Витаминот А, исто така, е важен и за растењето на косата. Недостаток од него може да доведе до губење, односно до опаѓање на косата.

Зеленчук

Спанаќот, брокулата и блитвата се одличен извор на витамините А и Ц, кои се неопходни за лачење на масната материја себум. Себумот е неопходен за влажноста  на скалпот и ја одржува косата здрава. Исто така, темно зелениот зеленчук е многу добар извор на железо и калциум.

Јајца

Јајцата се одличен избор за здрава коса, поради тоа што се многу богати со протеини. Соджат биотини (витамин Б12) кои се неопходни за квалитетот на кожата. Помагаат да се спречи опаѓањето на косата и го поттикнуваат нејзиното растење. Можат да се користат како маска за коса. Решение за мрсна коса е нејзино премачкување со белката од јајцето, а пак жолчката е одличен избор доколку имате сува коса.

Млеко и млечни производи

Млечните производи се богати со калциум, кој е многу важен минерал потребен за растење на косата. Покрај тоа тие содржат сурутка и казеин, два исклучително важни протеини кои се есенцијални за  квалитетна и сјајна коса.

Школки

Школките освен што имаат силен афродизијачки ефект, исто така имаат и големо влијание врз здравјето на косата. Тие содржат висока концентрација на цинк, кој е многу моќен антиоксиданс. Доколку не сте во можност да ги додадете во вашето мени, добра замена за нив се говедското и јагнешкото месо, но и јаткастото овошје може да биде добра замена.

 

Олга Дика

http://www.healthylifestylepage.com/