Италија: Запрена постапката против Пуигдемонт

Италијанскиот суд го запре случајот во врска со европската потерница и екстрадиција на каталонскиот челник Карлес Пуигдемонт на Шпанија додека се чека одлуката на европското правосудство за неговиот имунитет, рече неговиот адвокат.

Пуигдемонт денеска се појави во Судот во Сасарија на Сардинија, за кого Шпанија упати европски налог за негова испорака заради обид за отцепување во 2017 година.

Пуигдемонт беше уапсен на 23 септември после доаѓањето на аеродромот Алгеро, единствениот италијански град во кој се зачувани каталонската култура и јазик, за д аучествува на културен настан. Утредента тој е пуштен на слобода, со обврска дека мора да дојде на сослучување кога ќе биде повикан.

Каталонскиот лидер кого Мадрид го обвинува за побуна и проневера на пари, стигна малку пред 12 часот, пропратен од повеќе десетици приврзаници на каталонската, сардиниската и корзиканската независност кои извикуваа „Слобода, слобода!“

Присутни беа и уште тројца каталонски функционери кои дојдоа да го поддржат, европратениците Клара Понсати и Тони Комин, кои Мадрид исто така ги бара, и Жорди Санчез, кој во време на обидот за отцепување во 2017 година беше челник на сецесионистичка организација, а во јуни е ослободен откако речиси четири години помина во затвор. Тројцата судии од судот во Сасарија одлучија да не превземаат ништо, туку да го чекаат решението од жалбата што одбраната на Пуигдемонт ја поднесе до европскиот суд.

Случајот не е затворен, туку времено запрен“, истакна Агостинанџело Марас, италијански адвокат на поранешниот каталонски премиер, при излегувањето од судницата.

Пуигдемонт бара да му се врати пратеничкиот имунитет за да не биде испорачан на Шпанија. Барањето во таа смисла неодамна е упатено до Судот на Европската унија, кој во јули годинава го одбри претходното барање.

 

 

 

(Фото: ЕПА)