Италија: Учениците тргнуваат во школо

Учениците во Италија од половината на септември, кога почнува школската година, ќе се вратат во училниците, а наставниците ќе мораат да имаат негативен тест или зелена пропусница за да можат да ги држат часовите.

Исто така, тестовите за ковид повеќе нема да бидат бесплатни за наставничкиот кадар, што е предвидено со протоколот кој го потпишаа Министерството за образование и претставниците на струковите синдикати.

Протоколот е резултат на договорот со заеднички сили, владата и синдикатот, да му овозможат на секој ученик право безбедно да посетува директна настава во школските училници, да ги обновуваат односите со школските другари, наставничкиот кадар и својот социјален живот“, рече по повод на постигнатиот договор министерот за образование, Патрисио Бјанки.

Синдикатите во образованието во Италија ја поддржуваат вакцинацијата, но се против задолжителното поседување на „зелена пропусница“, односно за потврда за имунизација.

Италијанската влада одвои две милијарди евра за да може образовниот процес да се организира и одвива со максимална сигурност.