Итен разговор: Бајден го повика Нетанјаху

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Бајден во разговорот со израелскиот премиер порачал дека „Израел има право да се брани“ и дека се надевајќи насилството на Блискиот Исток да заврши што поскоро.

„Моите очекувања и надежи се дека се ова ќе заврши наскоро, но Израел има право да се брани“, им рече претседателот на САД на новинарите во Белата куќа после разговорот со Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, судирот на израелската војска и Хамас кулминираше во вторникот вечерта со ракетни удари во појасот Газа, а изби после нередите на почетокот на мај пред џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, каде што беа повредени повеќе од 700 Палестинци.

Според последните информации од Министерството за здравство во Газа, како резултат на израелските напади загинале 56 Палестинци, вклучувајќи и 14 деца и три жени. Повеќе од 300 луѓе биле полесно или потечко ранети, а од нив 90 биле деца.

(Фото: АП)