„Ијан“ руши се пред себе

LinkSense.mk

Ураганот „Ијан“ ја опустоши Флорида, зароби луѓе во поплавени домови, ги протера пациентите од Домовите за стари лица и болниците и уништи историско пристаниште на брегот.

Речиси 2,7 милиони луѓе останаа без струја поради дождот и надојдената вода.

Поплавената вода се искачи до колковите на луѓето во близина на Орландо, далеку во внатрешноста, додека еден од најсилните урагани што некогаш ги погоди Соединетите Американски Држави го преминуваше полуостровот со ветрови кои во епицентарот достигнуваа брзина од дури 665 километри на час, пренесува АП.

„Влијанијата на оваа бура се историски, а штетата што е направена е историска“, рече гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

„Никогаш не сме виделе вакви поплави. Никогаш не сме виделе ураган од оваа големина“, изјави гувернерот.

Де Сантис рече дека 28 хеликоптери биле распоредени за спасување од вода, а мостот до островот Санибел е сериозно оштетен и непрооден.

Две регионални болници се евакуирани, а пациентите се префрлени на повисоки места.

Во Орландо, евакуирани се жители на дом за стари лица, а болничарите ги изнесувале еден по еден на носилки и инвалидски колички.

На соседниот остров Палм, во станбениот комплекс Болдвин, автомобилите беа потопени на паркингот.

Претседателот Џо Бајден денеска официјално прогласи состојба на катастрофа. Претставничката на Федералната агенција за управување со вонредни состојби рече дека агенцијата ги поддржува напорите за пребарување и спасување на населението.