Кавадарци ќе ја подобрува патната инфраструктура со реконструкција на неколку улици

Кавадарци ќе ја подобрува патната инфраструктура со реконструкција на неколку улици, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.

-Во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта”, на општина Кавадарци и се доделени средства од Владата на РСМ преку заемот на Светска банка, кој ќе се рализира од страна на Министерството за транспорт и врски. Целта е подобрување на локалната патна инфраструктура. Општина Кавадарци аплицираше со проект за реконструкција на улиците „Браќа Џунови”„Пионерска” и „Илинденска” во тендер 1, реконструкција на улиците „Западен булевар” и „Дисанска”во тендер 2 и реконструкција на пат од село Ресава до брана Тиквеш во тендер број три, појаснија од Општината.

Согласно одлуката од Владата, за алоцирање на средства од договорот за заем за Проектот за поврзување на локалните патишта на општина Кавадарци и се доделени средства во износ од 1.112.010.21 евра.