Каде се најголемите шанси да добиете корона? Кино, теретана, парк…

LinkSense.mk

Колкави се шансите да заболите од ковид во кино? Или во теретана, без маска? Или за време на рано утринско трчање во парк? Неодамна објавена студија настаната со соработка со неколку меѓународни научници, дава одговори на овие прашања.

Добро е познато дека одредени места и активности носат различни ризици од изложеност на корона вирус, но новата студија отстранува голем дел од шпекулациите, нудејќи наместо тоа, јасни проценки.

Истражувачите кои стојат зад овој труд ја анализирале епидемијата и настани на супер ширење и ги проучувале факторите кои го попречуваат и помагаат ширењето на вирусот, за да дизајнираат математички модел кој зема предвид многу фактори пред да даде процент на ризик од инфекција.

Научниците напоменуваат дека овие проценти не се совршено точна проценка, но помагаат да се одговори на неколку сложени прашања: Во кои ситуации е најголема веројатноста дека ќе добијам корона? Во кои е најмалку веројатно?

Ако влезете во преполна кино сала со лоша вентилација и претежно немаскирана публика, има 14% шанса да се заразите, под претпоставка дека сите во просторијата молчат пред, за време и по филмот, се наведува во истражувањето. Но, ако има луѓе кои зборуваат, шансите за инфекција ако никој не носи маска скока на 54%. Ако сите носат маска, ризикот од инфекција паѓа на 5,3% без разговор и 24% со зборување.

Имајќи предвид дека ковид се шири првенствено преку честички во воздухот, маските, вентилацијата, бројот на луѓе во просторијата или зградата и времето поминато во тој простор се клучни фактори. Важно е и она што се случува околу поединецот.

Најголем ризик претставува интензивното вежбање, потоа викањето и пеењето, па нормалното зборување. Најмалку загрижува категоријата „тивка средина“, се вели во студијата. Не е изненадувачки дека престојот на отворено и носењето маска е најдобриот начин да се избегне корона вирус, пишуваат истражувачите.

Интензивното вежбање на лошо проветрено место полно со луѓе без маски е речиси сигурен начин да се заразите со корона – шансите се дури 99%. Вежбањето дури и за кратко време во добро проветрена теретана носи 17% шанса за инфекција, ако не се користат маски. А, ако е слабо проветрено? Шансите се 67 отсто, тврдат научниците.

Од Американскиот центар за контрола и превенција на болести велат дека покрај носењето маски, вакцинацијата и растојанието од најмалку два метри, подобрената вентилација – вклучувајќи отворени прозорци, тавански вентилатори и преносни прочистувачи на воздух – може да помогне да се спречи ширењето на ковид.

Со добра вентилација, или со проветрување, концентрацијата на вирусните честички во воздухот ќе биде помала и тие ќе го напуштат вашиот дом побрзо отколку со слаба вентилација, или без да ги проветрите собите“, велат од таму. Но, научниците заклучија дека многу затворени објекти, канцеларии, училишта, цркви – зградите во кои го поминуваме нашиот секојдневен живот – не се соодветно дизајнирани или опремени за да се справат со пандемија.

Итно треба да ја подобриме безбедноста на воздухот што го дишеме во низа средини“, напишаа истражувачите.

Податоците од епидемијата на ковид постојано покажуваат дека голем дел од зградите ширум светот имаат многу ниски стапки на вентилација“, заклучуваат тие.