Кадиров одби мобилизација во Чеченија

LinkSense.mk

Рамзан Кадиров, верен сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Како што рече за време на гостувањето во едно телевизиско шоу, Чеченија „го надмина планот за 254 проценти“.

„Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Вакви показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминаа преку Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација“, рече Кадиров.

Тој истакна дека во војната во Украина досега отишле 20.000 Чеченци и дека Чеченија отповеќе ги исполнила сите планови.

„Освен тоа, Чеченија има резерва од илјадници доброволци кои, доколку биде потребно, ќе влезат во редовите на бранителите на татковината“, рече тој.

Пред два дена во Грозни, главниот град на Чеченија, се одржа мал протест против мобилизацијата. Кадиров им се закани на сите што ќе протестираат. Но, додаде дека чеченските мајки и сопруги можат да останат смирени, мислејќи притоа дека нема да има мобилизација на членовите на нивните семејства.

„Затоа, го повикувам населението на Чеченската Република, особено нашите сакани и почитувани мајки, да останат смирени“, истакна чеченскиот лидер.