Казнети 175 возачи во Скопје

LinkSense.mk

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 17 мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.