Казнети 537 граѓани за неносење маска

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.