Казни за 469 лица за неносење маска

На територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на вчерашниот ден се казнети 469 лица.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.