Калифорнија: Пожарот Дикси евакуираше 2.000 луѓе

Околу две илјади жители на северниот дел на Калифорнија без повикани вчера итно да ги напуштат своите домови на кои им се приближува пожарот Дикси, најголем кој е забележан оваа година во таа американска сојузна држава.

Ако сте сеуште во своите домови, морате да се евакуирате на исток и тоа веднаш“, соопштенио е на Твитер од канцеларијата на шерифот на округот Палмас, во предупредувањето на жителите на населбите Гринвил и Честер.

Пожарот којшто гори веќе три недели во Калифорнија, до сега уништи голем број места и некои од куќите во Гринвил, малата планинска населба во Северна Калифорнија со 800 жители, а до сега зафати вкупно 1.108 квадратни километри во окрузите Палмас и Бјут.

Огнот, од кога изби на 14 јули, загрози илјадници куќи и уништи 67 од нив како и други објекти, а повеќе од 20.000 пожарникари моментно се борат со уште 97 големи, активни пожари на површина од 7.560 квадратни километри во 13 американски држави, соопшти Националниот противпожарен центар.

 

 

(Фото: АП)