Околу две илјади жители на северниот дел на Калифорнија без повикани вчера итно да ги напуштат своите домови на кои им се приближува пожарот Дикси, најголем кој е забележан оваа година во таа американска сојузна држава.
„Ако сте сеуште во своите домови, морате да се евакуирате на исток и тоа веднаш“, соопштенио е на Твитер од канцеларијата на шерифот на округот Палмас, во предупредувањето на жителите на населбите Гринвил и Честер.

Пожарот којшто гори веќе три недели во Калифорнија, до сега уништи голем број места и некои од куќите во Гринвил, малата планинска населба во Северна Калифорнија со 800 жители, а до сега зафати вкупно 1.108 квадратни километри во окрузите Палмас и Бјут.

Огнот, од кога изби на 14 јули, загрози илјадници куќи и уништи 67 од нив како и други објекти, а повеќе од 20.000 пожарникари моментно се борат со уште 97 големи, активни пожари на површина од 7.560 квадратни километри во 13 американски држави, соопшти Националниот противпожарен центар.
(Фото: АП)







