Канада воведува нови санкции за Русија

LinkSense.mk

Канадското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува нови санкции против деветмина руски официјални лица поради грубо и систематско кршење на човекови права во Русија, што го наведе Кремљ да вети дека ќе реагира соодветно на тоа.

Министерството наведе дека санкциите се дел од дипломатскиот напор да се изврши притисок на високите руски официјални лица заради, како што објаснуваат, обидот за убиство и притворање на истакнатиот руски опозиционер Алексеј Навални и постапувањето со демонстрантите, пренесува Ројтерс.

Канада ќе продолжи да го засилува притисокот врз руската влада безусловно да ги пушти Навални и неговите приврзаници кои се незаконски лишени од слобода, наведе во соопштението министерот за надворешни работи Марк Гарно.

Грубото кршење на човековите права во Русија нема да остане без одговор“, истакна Гарно.

На прашање на ТАСС дали Москва ќе одговори на акцијата на Отава, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков рече: „Ќе реагираме соодветно“.