Квинтетот „ Алегро“ синоќа првпат настапи пред кичевската публика

„Квинтетот „Алегро“ синоќа за првпат се претстави пред кичевската публика, со поголем број стари албански песни, а изведе и две класични дела од Франц Шуберт и Албениц.

„Вечерва имавме успешен премиерен настап пред кичевската публика и што би рекле ние музичарите „секогаш може и подобро“. Кичевската публика топло го поздрави нашиот настап и не направи буквално да се чувствуваме како дома. Тоа беше мотив повеќе и инспирација да го дадеме својот максимум и во блиска иднина со нова понуда, повторно да настапиме пред овој аудиториум. Како јас така и моите колешки бевме презадоволни од самата изведба и се она што ни се случи оваа вечер на концертот одржан во големата сала од Центарот за култура во Кичево, изјави по концертот гитаристот на овој квинтет Јетмир Мехмеди.

На синоќешниот концерт што се одржа според сите протоколи за заштита од Ковид-19, беа присутни повеќе од стотина гледачи, што за ваков вид на концерти е одлична посета.