Келн го отпушти тренерот Гиздол

Маркус Гиздол е разрешен од функцијата главен тренер на Келн. Управата на клубот одлучи да му врачи отказ на 51-годишниот фудбалски стручњак по вчерашниот пораз од Мајнц (2:3) во 28. коло од Бундеслигата.

Келн нема победа во германската лига на осум натпревари по ред (шест порази, две нерешени средби).

Тимот, кој освои 23 бода на 28 натпревари, е во зоната за испаѓање – на претпоследното, 17-то место во поредокот.

Гиздол беше тренер на Келн од ноември 2019 година.