Кербер шампионка на Вимблдон

LinkSense.mk

Германската тенисерка Анџелика Кербер ја освои титулата на Вимблдон, откако во финалето ја победи Американката Серена Вилијамс во два сета, 6:3 и 6:3.

Кербер до третата победа во деветиот дуел со Американката дојде после 65 минути игра.

Германката со овој триумф дојде до третата гренд слем титула во кариерата, а прва во Вимблдон.

Кербер добро го почна мечот, веднаш дојде до брејк, а потоа со сигурен сервис со гем дојде до водство од 2:0. американката многу брзо успеа да се врати, изедначи на 2:2, и поведе со 3:2, но Германката потоа врза четири гема по ред, со два брејка, за водство од 1:0 во сетови.

Вилијамс, 181 тенисерка на ВТА, не успеа да пронајде ритам во вториот сет, често грешеше, па така Германката ја искористи лошата игра на Вилијамс и во шестиот гем дојде до единствениот брејк, за кој подоцна се покажа како единствен во тој дел од играта.

Вилијамс со овој пораз не успеа да го собори рекордот на Маргарет Корт од 24 гренд слем титули.