Кери: Русија и Сирија тероризираат цивили

U.S. Secretary of State John Kerry speaks about the Ukraine crisis after his meetings with other foreign ministers in Paris, March 5, 2014. Kerry spoke to reporters at the U.S. ambassador's residence in Paris. REUTERS/Kevin Lamarque (FRANCE - Tags: POLITICS)

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денес дека Русија и Сирија мораат да се соочат со истрага за воени злосторства поради напад врз сириски цивили.

Кери рече дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети во четвртокот ноќта кога сириските сили бомбардирале уште една болница.

Според неговите зборови, Русија и Сирија им должат на светот „повеќе од објаснување“ за бомбардирањето на болници, жени и деца.

„За таквите потези потребни се адекватни истраги, истраги за воени злосторства“, рекол Кери.

Тој, исто така, навел дека такви напади не можат да се сметаат за случајности, наведува агенцијата АП.

На крајот, американскиот државен секретар заклучил: „Руските и сириските трупи превземаат „Целна стратегија за да ги тероризираат цивилите“.