Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кетрин Ештон: ЕУ мора да ја награди Северна Македонија
Македонија

Кетрин Ештон: ЕУ мора да ја награди Северна Македонија

октомври 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– ЕУ мора да ја награди Северна Македонија заради Преспанскиот договор, кој беше многу тешко да се постигне, изјави во Белград поранешната висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, додавајќи дека токму во тоа е вредноста на ЕУ.

– Знам дека сакате јасна европска перспектива и временска рамка. На владеење на правото и борбата против корупцијата и криминалот работите поради себе и јас сум убедена дека вашата иднина е во ЕУ и едвај го чекам тој ден, порача Ештон на денешниот панел на Белградскиот безбедносен форум (БСФ), насловен „Одржливи решенија за Западен Балкан“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, повеќето учесници на панелот ја повикаа Европската Унија да не ја одложува одлуката за започнување преговори за членството со Северна Македонија и Албанија, предупредувајќи дека новото одложување ќе испрати лош сигнал за целиот Западен Балкан.

Соработникот на Виенскиот институт за општествени науки, Иван Вејвода, кој истовремено беше и модератор на панелот, рече дека Европската Унија ништо не губи со отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, додека за регионот тоа би било многу важна порака.

Според него, таквата одлука во земјите на ЕУ би била „вест на седмата страница на весниците“, бидејќи до проширувањето сигурно нема да дојде во наредните седум до осум години, доколку се добро се одвива.

Директорката на германското Министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа и Турција, Сузане Шиц изјави дека според Германија, ЕУ нема да биде комплетна без Западниот Балкан и дека се надева на позитивна одлука за Северна Македонија и Албанија, бидејќи тоа би претставувало важен сигнал за Србија, Косово и БиХ, но и за цела ЕУ.

– Се согласувам со многу скептици дека Албанија има многу повеќе да стори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, но тоа најдобро ќе го направи доколку биде на преговарачка маса со ЕУ. Ако кажеме „не“ на овој процес, ние ќе им направиме услугата на оние кои не сакаат владеење на правото и спречување на корупцијата во регионот, нагласи Шиц.

Таа, исто така, посочи дека евентуална спогодба меѓу Србија и Косово ќе биде од големо значење и ги повика двете страни да постигнат договор што ќе ги реши сите нерешени прашања и ќе придонесе за регионалната стабилност.

Директорот на француското Министерство за надворешни работи за континентална Европа и поранешен амбасадор во Србија, Фредерик Мондолони изјави дека неговата земја недвосмислено го гледа Западниот Балкан во ЕУ, која „не би била комплетна без регионот“.

Сепак, тој додаде дека кандидатите треба да ги исполнат сите услови, а паралелно со тоа Унијата да се реформира.

– Вратата не е затворена. Ние не велиме „не“. Европскиот совет е поделен, ние велиме „да“, но земјите мораат да ги исполнат условите, изјави Мондолони.

Тој додаде дека европската перспектива на Западниот Балкан е реалност, дека Франција сака да биде присутна во регионот и дека ќе остане ангажирана.

Говорејќи за односот меѓу Србија и Косово, Мондолони рече дека „статусот кво“ е многу опасна ситуација и дека треба да се постигне договор за чија содржината треба да се договорат двете страни.

Директорот на американскиот Стејт департмент за Јужна и Централна Европа, Дејвид Костеланчик, оцени дека нормализирањето на односите меѓу Србија и Косово останува многу важно прашање за САД, нагласувајќи дека напорите на Белград за повлекување на признавањето на косовската независност од страна на други држави ја нарушуваат атмосферата и го спречуваат и отежнуваат напредокот во дијалогот.

Тој порача дека САД се надеваат оти во Косово ќе се формира влада која го поддржува дијалогот со Белград, која ќе ги укине таксите за увозот на стоки од Србија и која ќе биде единствена и ќе има реални цели.

Претседателката на Белградскиот фонд за политички извонредност Соња Лихт, истакна дека организаторите на Белградскиот безбедносен форум се длабоко убедени дека одложувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија и на визната либерализација за Косово ја поткопуваат идејата за пристапување во ЕУ и наговестува дека нема да се постигне ниту владеењето на правото, ниту слободата на медиумите во овие земји.

– Бараме лидерите на ЕУ да ја разгледаат одлуката за одложување, бидејќи почетокот на преговорите не значи членство во ЕУ. Во спротивно, бидете свесни дека на целиот регион ќе му биде направена голема штета, порача Лихт.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно ЕУ кетрин ештон награда северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.