Кина воведува „похуман пристап“, „паѓа“ нулта ковид толеранцијата

LinkSense.mk

„Кина се соочува со нова ситуација и нови задачи во превенцијата и контролата на епидемијата на корона вирус“, соопшти вицепремиерката Сун Чунлан, што може да се протолкува како најава дека владата на таа земја ја менува политиката на нулта ковид толеранција, по масовните граѓански протести.

„Патогеноста на омикронот слабее, се повеќе луѓе се вакцинираат и акумулираат искуство во спречување на вирусот па земјата, сега, им пркоси на една нова ситуација и на нови задачи“, им порача вчера Сан на националните здравствени власти.

Сан ги пофали напорите на Кина пред да ги претстави предлозите за „подобрување“ на сегашните мерки.

Наведува дека Кина презема „похуман пристап“ во своите одговори на епидемијата.

Ниту Сан, ниту другите здравствени службеници кои зборуваа, не ја спомнаа политиката на нулта ковид толеранција, туку вакцинацијата и другите мерки.

Изјавите на вицепремиерката доаѓаат во време кога неколку кинески градови, вклучително и Шангај, почнаа да ги укинуваат блокадите воведени поради корона вирусот и покрај големиот број новорегистрирани случаи.

Во последните денови, Кина бележи најголем број регистрирани случаи на заболувања од корона на дневна основа од почетокот на пандемијата – само вчера регистрирани се повеќе од 36.000 случаи, а нешто повеќе од 5.200 официјално починале од почетокот на пандемија.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)