Кина: Нема да ја нападнеме пријателска Украина

LinkSense.mk

Кинескиот амбасадор во Украина потенцираше дека Кина никогаш нема да ја нападне Украина, туку напротив, ќе и помогне пренесува МИА.

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина. Ќе помогнеме, особено економски… во оваа ситуација кога ќе се однесуваме одговорно, рече кинескиот амбасадор во Украина, Фан Сианронг.

Тоа, како што пренесува Си-Ен-Ен, му го кажал на неговиот домаќин Максим Козицки, висок воен функционер од Лавов.

„Кина е пријателска земја на украинскиот народ. Како амбасадор, можам да кажам дека секогаш ќе бидеме сила за доброто на Украина, и економски и политички.